Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим, првпат е организирано во 1969 година по повод 1100 години од неговата смрт. Оттогаш секоја година, на 24 мај, со највисоки почести се одбележува во присуство на македонска државно – црковна делегација.
На 23. 05 .2024 година, во пресрет на денот кога ги прославуваме македонските и сесловенски просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј, во базиликата „Св. Климент Папа Римски“ во Рим, каде што почиваат светите мошти на светиот Кирил Солунски, традиционално и оваа година во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на светиот Кирил“ беше отслужен Молебен во чест на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Неговото Преосвештенство викарниот Епископ г. Јаков.
На Молебенот присуствуваше делегацијата предводена од Претседателката на Републиката, Н.Е. г-ѓа Гордана Силјаноска Давкова, како и многубројни гости. Дел од делегацијата беше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-ѓа Оливера Трајковска.
По завршувањето на Молебенот, Митрополитот г. Јосиф се обрати со пригодно слово.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}