На ден 05. 12. 2025 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на 35 годишниот јубилеј на "Македонски Каритас", хуманитарна организација при Католичката црква.
"Ако не можеш да нахраниш стотина луѓе, тогаш нахрани само еден човек"
Мајка Тереза
На ден 05. 12. 2025 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на 35 годишниот јубилеј на "Македонски Каритас", хуманитарна организација при Католичката црква.
На настанот присуствуваа: Претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, поранешната прва дама г-ѓа Маја Иванова, амбасадори, претставници на институции и градоначалници.
Бискупот Скопски и епарх Струмички монсињор д-р Киро Стојанов и директорот на "Македонски Каритас", протојереј Зоран Стојанов имаа свои благодарствени обраќања пред присутните гости.
Директорката Трајковска изрази огромна благодарност до "Македонски Каритас", Католичката црква, бискупот монсињор Киро Стојанов и протојереј Зоран Стојанов; за укажаната чест и врачувањето на благодарницата за досегашната соработка:
- Почитувани, од срце Ви благодарам за денешното изненадување. Останувам ваш поддржувач и соработник, како досега, така и во иднина. Светот станува поубаво место кога споделуваме љубов и шириме милосрдие.
Затоа да се држиме до зборовите на Мајка Тереза:
- Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа, можеме да правиме мали работи со многу љубов.