Св.Климент е нашиот код на писменост и духовност. Неговото дело е безвремено, а неговото присуство живее преку секој Македонец кој глаголи на македонски и кој се подвизува христијански. Неговиот спомен го одбележуваме на денешниов датум, но, треба да го славиме и афирмираме секој ден, со посветеност и достоинственост.
"Браќа, да се отрезниме и да не се именуваме христијани само по име, туку да се потрудиме со добри дела и со кроткост и пост да стекнеме смирение и љубов кон сите, зашто тие ги очистуваат душата и телото и нѐ прават рамни на ангелите, и нѐ водат на небото. И милостина давајте непрестајно, зашто таа ги мие сите прегрешенија од нас и ги отвора небесните врати".
Св.Климент Охридски, "Собрани дела"
Св.Климент е нашиот код на писменост и духовност. Неговото дело е безвремено, а неговото присуство живее преку секој Македонец кој глаголи на македонски и кој се подвизува христијански.
Неговиот спомен го одбележуваме на денешниов датум, но, треба да го славиме и афирмираме секој ден, со посветеност и достоинственост.
По повод чествувањето на нашиот македонски патрон- Св. Климент Охридски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на неколку настани:
- Свечена духовна академија во чест на Св.Климент Охридски, под покровителство на Претседателката Н.Е. Гордана Сиљановска Давкова и Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан
-Доделување на државната награда "Св.Климент Охридски"
-Положување на свежо цвеќе пред спомен бистата на "Св.Климент Охридски" на платото пред Универзитетската библиотека.
Нека ни е честит и вековит 8 Декември - споменот на Св.Климент Охридски!