На покана на ОМД и хуманитарната организација " Св. Нектариј Битолски" на 25.07.2025 година, директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковскаа го посети летниот православен камп во Отешево и оддржа предавање на тема " Семејството- нашиот мал параклис".
На покана на ОМД и хуманитарната организација " Св. Нектариј Битолски" на 25.07.2025 година, директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковскаа го посети летниот православен камп во Отешево и оддржа предавање на тема " Семејството- нашиот мал параклис".
Православниот Христијански Летен Камп" Свети Нектариј 2025 во Македонија" кој по третпат се одржува од 20–27 јули 2025 година е во организација на „Свети Нектариј Битолски“, со поддршка од Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) и волонтери од Македонија и дијаспората.
Кампот е наменет за: деца на возраст од 9 до 16 години (со можност за флексибилност) преку кој се обединуваат деца од македонската дијаспора и локално население — вклучувајќи и семејства со ниски приходи — во православна христијанска и духовна средина; со фокус на другарство, забава, морално созревање и почитување на македонските традиции и вера.; Оваа година во кампот покрај деца од Македонија учествуваат и деца од Словенија, Романија и Америка. Главниот јазик на кампот е македонски, но има и говорници на англиски и германски јазик. Во рамки на кампот користењето на мобилен телефон е ограничено на 30 минути навечер за контакт со семејството.
Во програмата се вклучени дневни часови за православната вера, морал, македонска историја, хигиена, здравје и кулинарство; посета на историски цркви и манастири; активности како пливање, планинарење, хорско пеење, македонско оро, православна уметност и музика.
Активностите се спроведуваат со тим на теолози, наставници, лекари, фармацевти, историчари, туристички водичи и духовен отец од Преспанско-Пелагониска епархија.
Комисијата за односи со верските заедници дава сестрана поддршка на овој тип активности кои имаат за цел да ја афирмираат православната вера, македонската култура, историја и македонскиот јазик.
Голема благодарност до дечињата који со молитва направија ремек дела за нас! Да сте ни живи и здрави и уште помногубројни секое лето!