Вчера, во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, се одржа традиционалниот предновогодишен прием и доделување на признанието „Вељо Манчевски“ кој имаше за цел да ја претстави Македонија како мозаик на верски заедници кои живеат во мир и заедништво.
Вчера, во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, се одржа традиционалниот предновогодишен прием и доделување на признанието „Вељо Манчевски“ кој имаше за цел да ја претстави Македонија како мозаик на верски заедници кои живеат во мир и заедништво.
Свечениот предновогодишен прием ,,Вељо Манчевски" на едно место ги собра сите високи државни претставници, верските лидери, претставници од дипломатскиот кор, научници, професори, декани и други истакнати дејци во општествениот и културниот живот во Македонија. Меѓу нив присутни беа и претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и потпретседателот на Владата Љупчо Димовски. Меѓу високите верски претставници беа присутни: Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Реис Ул Улема ефенди Фетаи, бискупот монсињор д-р Киро Стојанов, г-дин Пепо Леви и суперинтидент Марјан Димов.
Настанот, чиј водител беше Ирена Спировска, започна со интонирање на македонската химна во изведба на познатиот оперски пејач Дарко Тодоровски.
Свое обраќање имаше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а потоа се обрати и директорката на Комисијата, г-ѓа Оливера Трајковска, која даде осврт на работата на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во 2025 година. Преку видео презентација беше прикажана ретроспектива на активностите на Комисијата за оваа година.
Централен дел на вечерта беше доделувањето на годишните признанија „Вељо Манчевски“ на истакнати дејци за нивниот траен придонес во верските заедници и општеството. Годинешни добитници се: Проф. д-р Ацо Гиревски (Протојереј-ставрофор), за неговиот четиридецениски придонес во православната теологија, библистиката и образованието, како и за објавените над 20 книги и 150 научни трудови; Д-р Шинази Мемеди: Професор по исламска култура и цивилизација, награден за својот научен и педагошки придонес во изучувањето на исламското културно наследство и историја; Протојереј Гоце Костов: Католички свештеник, директор на Радио Марија – Благовест, признат за својата пасторална служба и медиумска мисија преку која ја шири верата и меѓурелигискиот дијалог; Д-р Берта Романо–Николиќ (постхумно): Поранешен претседател на Еврејската заедница и истакнат лекар, наградена за зачувување на еврејската традиција, ладино културата и афирмација на соживотот; Дијаконија Северна Македонија – Мис Стон Центар: Хуманитарна организација на Евангелско-методистичката црква, наградена за програмите како „Храна на тркала“ и грижата за ранливите категории граѓани.
Свеченоста беше збогатена со музички изведби. Покрај Дарко Тодоровски, настапија Андреј Наунов (пијано), Олгица Здравковска Шундиќ (виолина) и Ернес Ибраимовски (баритон) со изведби на традиционални и класични композиции. Специјален гостин беше д-р Абаз Јахја со композиција на четири јазици. Настанот беше заокружен со маестрална изведба на Сузана Спасовска и црковниот хор „Пелагонитиса“ на композиции од нивниот богат репертоар.
Целиот настан беше преведен и на знаковен јазик.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}