Во салата на Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски'' во Скопје на 05.12.2025 година, беше отворено јубилејното десетто издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.
Во салата на Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски'' во Скопје на 05.12.2025 година, беше отворено јубилејното десетто издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.
Фестивалската програма трае од 8 до 14 декември и ќе се прикажува на Европскиот универзитет , во чии рамки ќе можат да се погледнат: долгометражниот филм „Варава“, документарецот „Раѓање на Богородица“, документарно-играниот филм „Светиот Арипелаг“, како и документарците „Приказни од Атос“, „Стела“, "Доброчинител".
Настанот го најави Зорица Костовска, која е основач на фестивалот, а во продолжение Митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, како почесен претседател се обрати пред присутните. Во своето обраќање на свеченото отворање ја нагласи улогата на филмот како духовен мост меѓу луѓето.
Во рамки на отворањето на фестивалот беше истакнато и учеството на митрополитот
преспанско-пелагониски г. Петар, кој донесе копија на чудотворната икона "Небесна Царица" од Битола во Соборниот храм во Скопје, во чест на јубилејот на фестивалот.
Во своето обраќање, тој информира дека е донесена копија од иконата, бидејќи оригиналот е во лоша состојба и ѝ претстои реставрација.
Во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, на настанот присуствуваше Петар Петковски, советник за теолошки прашања и координација на реализацијата на проектите и активностите при КОВЗРГ.
Посетителите од денеска до завршувањето на фестивалот ќе имаат можност да се поклонат на чудотворната икона на Пресвета Богородица „Небесна Царица“ во Соборниот храм во Скопје.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи го честита десетгодишниот јубилеј и му посакува многулетие на овој значаен фестивал.