СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи во соработка со Планинарскиот клуб „Јелак“ и МПЦ-ОА: Тетовско-гостиварска православна епархија, на 20.10.2019 (недела), по втор пат ја организира планинарско-рекреативна акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора. Истата тргнува од црквата „Св. Троица“ на падините на Сува Гора, во атарот на тетовското село Блаце, и завршува во црквата „Св. Мина“ во селото Волковија. Во рамки на маршутата ќе бидат посетени повеќе цркви, како и археолошки локалитети.
Патеката за прв пат е поставена во 2018 година во рамките на низата настани по повод чествувањето на еден милениум постоење на Охридската Архиепископија. Оваа година организаторите организираа и засадување на дрвја на неколку локации на патеката. Обезбедени се дрвни насади за секој учесник.
Акцијата спаѓа во лесни планинарско-рекреативни тури. Погодна е за почетници, постари планинари, рекреативци и вљубеници во природата со минимум кондиција за движење. Секако, добредојдени се и поискусни планинари кои би се запознале и со овој предел (со оглед на тоа дека истиот воопшто не бил организирано посетуван во минатото) и би го искористиле денот за своевиден тренинг и дружба.
Поканети се сите планинарски клубови и друштва, како и сите љубители на природата.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}