Претседателот на Владата г-дин Оливер Спасовски во придружба на Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски беше во посета на Бискупската резиденција по повод празникот Велигден.
Претседателот на Владата г-дин Оливер Спасовски во придружба на Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски по повод празникот Воскресение Христово - Велигден беше во посета на Бискупската резиденција во Скопје, каде оствари средба со Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов.
На средбата беа упатени Велигденски честитки до Бискупот, свештенството и верниците на Католичката црква.
Од стрaна на бискупот Стојанов беше изразена благодарност до гостите на гестот за доаѓањето и честитањето. Потоа бискупот се осврна на прославата и живеењето на Великата седмица и празникот на Христовото Воскресение, како и случувањата кои претходат за славењето во епархијата според Јулијанскиот календар.
Исто така бискупот Стојанов истакна дека Католичката црква во Македонија од самиот почеток настојува да ги држи сите упатства и препораки на надлежните институции на Владата за време на пандемијата, давајќи две соопштенија, додека редовниот тек на животот е запрен. Соговорниците исто така во својот разговор се осврнаа и на актуелната ситуација во државата предизвикана од заразната болест Ковид-19.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}