На богослужбите присутна беше директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска.
На навечерието на празникот, во манастирот „Светите петнаесет Свештеномаченици“ во Струмица, беше отслужена празнична вечерна на која претстоеше Неговото Преосвештенство Епископот Шабачки г. Јеротеј од Српската Православна Црква, во молитвено присуство на Неговото Преосвештенство, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.
На 11 декември / 28 ноември 2025 година, на самиот ден кога се прославува споменот на светите 15 Тивериополски маченици, во манастирот беше отслужена света архијерејска Литургија, на која началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан.
На Архиепископот му сослужуваа Високопреосвештените митрополити Брегалнички г. Иларион и Струмички г. Наум, Епископот Шабачки г. Јеротеј, Епископот Стобиски г. Јаков и бројно монаштво и свештенство.
На богослужбите присутна беше директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, потпретседателот на македонското собрание г-дин Антонио Милошоски, градоначалникот на Општина Струмица г. Петар Јанков, покровителите на годинашната слава Јорданчо и Стевица Јаневи, советници, директори на институции и голем број на верници.
На Литургијата, со вдахновено слово се обрати Блаженејшиот Архиепископ Стефан.
На крајот од Литургијата, Митрополитот Иларион го благослови празничното коливо и го пресече славскиот колач.