Соопштение во врска со актуелностите околу меѓународната активност на МПЦ-ОА
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и интеракцијата со сестринските помесни православни цркви, и ги поддржува мудрите чекори во понатамошната црковна дипломатија.
Радува тоа што после Одлуката на Вселенската патријаршија со која се призна и прифати во канонско единство Македонската православна црква - Охридска архиепископија се отпочна и со евхаристиско општење помеѓу помесните Македонската и Српската православна црква, во кои се воцрквуваат блиските народи македонскиот и српскиот.
Разрешувањето на македонското црковно прашање е процес во кој верниот македонски народ и црковниот клир со децении се соочуваат со безброј предизвици, препреки, неправди и понесуваат голема жртва, но во светло на конечното препознавање на канонската исправност и автокефалниот статус од православната екумена, патот на македонската црква говори за нејзината длабока и древна духовност која повеќе од милениум го чува светото црковно предание.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}