Известување за одбележувањето на споменот на првиот верски референт Вељо Т. Манчевски
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) во рамките на прославувањето на овогодинешните јубилеи поврзани со значајни настани и личности во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) утре (21. 01. 2022 година) пригодно ќе го одбележи јубилејот 60 години од упокојувањето на првиот верски референт на Македонија, протојерејот Вељо Т. Манчевски (17. 04. 1905 – с. Броштица, Дебарско – 23. 01. 1962 – Скопје), кој бил учесник на АСНОМ, учесник во НОБ, прв референт на Верското поверенство при Главниот штаб на НОВ и ПОМ, како и долгогодишен истакнат свештеник.
Споменот на овој заслужен и истакнат јавен, општествен деец ќе биде одбележан со Панихида во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје со почеток во 11:00 часот. Со поменот ќе чиноначалствува Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во сослужение на повеќемина свештенослужители. На поменот ќе присуствува Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски со своите соработници, како и членови на семејството и почитувачи на ликот и делото на овој заслужен историски великан, кој како прв верски референт со своето делување знаачително придонел за развој на верскиот живот и соживот во нашата земја, како и спречување на ширењето на странските пропаганди и влијанија.
По панихидата државно-црковна делегација предводена од Директорот на Комисијата за односи со верските заедници (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на верскиот референт Вељо Манчевски на Градските гробиште во Бутел во знак на благодарност, спомен и чест на неговите значајни дела за развојот на нашата држава положени во темелите на нејзиното современо конституирање и етаблирање.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}