Денес, на ден 20. 06. 2025 година се одржа работна средба помеѓу директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска, и директорката на Државниот архив, г-ѓа Наташа Котлар - Трајкова, во просториите на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката меѓу двете институции, со акцент на архивирањето, чувањето и дигитализацијата на значајни документи и архивска граѓа поврзана со верските заедници во земјата. Особено беше потенцирана важноста на заштитата и систематизацијата на документацијата што се однесува на историјата, културното наследство и правниот статус на верските заедници.
Двете директорки изразија подготвеност за интензивирање на соработката преку заеднички проекти, како и можноста за отворање на посебна архивска збирка за верски заедници во рамки на Државниот архив.
На состанокот присуствуваа и административните службеници: Марјан Гијовски и Петар Петковски.
Средбата се одвиваше во духот на заемно почитување и конструктивен дијалог, при што беше истакната заедничката определба за зачувување на духовното и културното наследство на сите религиозни заедници во државата.
Директорката Трајковска се заблагодари за добиената донација на книги од големата издавачка дејност на Државниот архив со која се збогати библиотечниот фонд на КОВЗРГ.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}