На ден 11.09.2025 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска; оствари пријателска и конструктивна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ.
На ден 11.09.2025 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска; оствари пријателска и конструктивна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ.
Во разговорот беа истакнати блиските врски на македонската заедница во Хрватска со матичната татковина, како и континуираната поддршка што оваа заедница ја дава за афирмацијата на нашата татковина. Амбасадорката посебно го нагласи значењето на Католичката црква во Хрватска, која со својата духовна и општествена улога претставува важен фактор во приближувањето и обединувањето на христијаните.
Таа исто така со задоволство посочи дека гледа позитивен пример во тоа што жена раководи со една државна институција од вакво значење, што претставува поттик за поголема застапеност на жените во јавниот живот.
Директорката Трајковска ја запозна амбасадорката со идните активности и проекти на Комисијата, особено со плановите за соработка со Католичката црква и поддршката на заеднички иницијативи од значење за меѓурелигискиот дијалог и соживот.
Средбата потврди дека традиционалното пријателство меѓу Македонија и Хрватска не е само дипломатско, туку и духовно и културно, со перспектива да се развива и продлабочува во иднина.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}