Директорот на КОВЗРГ, г. Даријан Сотировски оствари средба со Претседателот Пендаровски
На 16. 10. 2019 година, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски оствари средба со Претседателот г-дин Стево Пендаровски во Вилата Водно.
На средбата беа разменети мислења и информации за тековните активности на КОВЗРГ, како и за состојбите со културното наследство во државата.
Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на работата на КОВЗРГ, во функција на унапредувањето на верските слободи и права во Северна Македонија.
Имајќи го в предвид фактот дека во нашата држава се регистрирани 37 верски заедници, претседателот Пендаровски посочи дека е подготвен да соработува со сите верски заедници, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција.
Директорот Сотировски ја истакна подготвеноста да продолжи и да се унапреди добрата соработка на комисијата со Кабинетот на Претседателот.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}