На свеченото отворање, присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска.
На ден 04. 05. 2025 година во Битола се одржа свечено отварање на “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во која војводата Делчев, македонскиот револуционер, великан на Македонското ослободително движење престојувал во 1901 година.
Куќата била во сопственост на Михаил Ракиџиев, кој во тоа време бил член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ.
Спомен собата има три простории кои целосно се обновени и реконструирани и се наоѓа во центарот на градот.
На свеченото отворање, присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска.
За време на отворањето на спомен куќата пред присустните се обрати директорот на Завод и музеј – Битола, г-дин Зоран Николовски, кој меѓу другото го истакна следното: „Куќата, Музеј е посветена на нашиот најголем апостол, на Гоце Делчев и од денеска повторно е отворена за јавноста. Ви се заблагодарувам на сите кои сте тука вечерва, а ако мене ме прашувате јас не би го потенцирал настанот, бидејќи Делчев има само дата на раѓање. Во куќата, каде е реновиран ентериерот и екстериерот, секој посетител ќе може да погледне оригинални документи и артефакти. Внатрешноста на куќата е целосно реновирана со нов лик на музејската поставка. Станува збор за три простории во кои се изложени документи, текстови и изјави од периодот пред востанието, а во една просторија има восочна фигура на Гоце Делчев кој е покрај работната маса“.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}