Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Песах
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Претседателот на Евреската верска заедница, г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Песах.
По повод големиот еврејски празник Песах, Ви упатувам Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, срдечни честитки и желби за празничен мир, радост и благосостојба.
Нека овој голем празник на надежта и вербата во подобар живот донесе радост во срцата на оние кои го слават и одново да нѐ потсети на моќта на заедништвото, меѓусебното почитување, толеранцијата и достоинството.
Ви посакувам, собрани со вера, да го прославите празникот Песах во духовна радост и опкружени со најблиските.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}