Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска испрати телеграма со честитки до Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан по повод 35 годишнината од осветувањето на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ
Ваше Блаженство,
Со особена радост и длабока почит, од мое лично име, како и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Ви го честитам духовниот и историски значајниот датум 12 август - денот кога пред 35 години беше осветен величествениот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Тој ден остана трајно запишан во срцата на Македонскиот народ и во аналите на духовната историја, кога река народ се слеа во главниот град и остана да бдее цела ноќ пред вратите на ова светилиште.
Под Ваше раководство, со вера како милион запалени свеќи што бескрајно го осветлуваат просторот, Соборниот Храм продолжува да биде симбол на духовна сила, национална гордост и вечна заедничка радост. Нека љубовта и мирот Христов бидат вечни гости меѓу ѕидовите на ова свето место, а Вашата Архипастирска света должност, нека му носи духовна утеха и надеж на нашиот Македонски народ.
Со исполнетост во срцето и молитва Ви посакувам многу години исполнети со светлина, здравје и Божја благодат.
Со искрена почит и верба,
Директор
Оливера Трајковска