Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска испрати телеграма со сочувство до Неговата Екселенција г. Фатих Улусој, Амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија по повод загинатите во трагичниот земјотрес
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска испрати телеграма со сочувство до Неговата Екселенција г. Фатих Улусој, Амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија по повод загинатите во трагичниот земјотрес.
ТЕЛЕГРАМА СО СОЧУВСТВО
Почитувана Ваша Екселенцијо,
Како темен облак што ненадејно го покрива небото, веста за разорниот земјотрес во Вашата татковина ја засени и нашата. Болката на турскиот народ е и наша болка; солзите на мајките и татковците се солзи што ги чувствуваме и ние.
Во оваа голема тага, од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, ја испраќаме нашата братска прегратка и верата дека силата и единството ќе ја победат загубата. Нека се смири земјата, нека се смируваат срцата, љубовта нека разгори, а надежта повторно да ги осветли домовите на сите погодени.
Вечен мир на оние што настрадале, а на повредените им посакуваме брзо заздравување.
Со длабока почит и солидарност,
Директор
Оливера Трајковска