Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, на 23 и 24 јуни 2025 годизаедно со тимоод Комисијата, активно учество на Третата Светска Конференција за Религиски Дијалог и Соработка со наслов: „Религијата и современата фаза на глобализацијата: можности и предизвици“.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, на 23 и 24 јуни 2025 годизаедно со тимоод Комисијата, активно учество на Третата Светска Конференција за Религиски Дијалог и Соработка со наслов: „Религијата и современата фаза на глобализацијата: можности и предизвици“. На конференцијата присуствуваше и тим од Комисијата во следниот состав: Огнен Коцевски, Наташа Ниќифоровиќ и Александар Манчиќ.
Поздравни обраќања ба првиот ден од конференцијата имаа: Оливер Бакревски, директор на Филозофскиот факултет, Скопје; проф. Зоран Матевски, директорката на КОВЗРГ Оливера Трајковска; Масимо Интровиѓно, извршен директор на Центарот за нови религии, Торино; градоначалникот на Крушево, Борче Јовчевски и градоначалникот на Прилеп, Томе Христовски.
На конференцијата свои излагања имаа професори и научници од Македонија, Украина, Италија, Тајван, САД, Данска, Хрватска, Србија, Романија, Холандија, Полска, Иран, Австралија, Бугарија, Естонија и Јужна Африка.
Во рамки на конференцијата, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи го презентираше своето најново истражување; посветено на улогата на религијата, етиката и предизвиците на младите во современото мултикултурно општество.
Презентацијата поттикна интерес и дебата помеѓу присутните истражувачи, верските претставници и образовните институции, а Комисијата уште еднаш ја потврди вредноста и значењето на етичката и верската едукација кај младите, како основа за соживот, толеранција и меѓусебно почитување.