Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

KOVZ - Заменик директор

Заменик Директор

М-Р МЕЏИТ ЕМУРЛИ,

ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ





БИОГРАФИЈА


Роден на 21.03.1970 во с. Шемшево, општина Јагуновце, Македонија.

Основното училиште завршува  во с. Шемшево.  Во 1986 година се запишува  во Средното теолошко школо „Иса Бег Медреса‘‘во Кондово, Скопје. По матурирањето во 1991 година своето образование најпрвен го продолжил на Теолошкиот факултет „Гази Хустрев бег“ во Сараево, а потоа во 1994 година студиите ги продолжува на Универзитетот „19 мај“ во Самсун, Р. Турција, каде истите ги завршува во 2000 година. Во тек се неговите магистерски студии по историја и меѓународна соработка на „Институтот за духовно и културно наследство на Албанците“ - Скопје.

Во 2000 година се вработува како предавач по исламски науки и хуманост во џамијата во с. Шемшево. Во 2009 година се вработува во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор како советник со искуство. Истата година станува и претседател на двојазичното училиште во општина Јагуновце, кое е отворено од „Fridtjof Nansen - Nansen Dialog Center“ - Скопје, а поддржано од Министерството за култура на Норвешка. Во 2021 година ја продолжува својата работна кариера во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ).

Автор е на повеќе колумни, кои во својата содржина воглавно разработуваат теми поврзани со меѓурелигискиот дијалог и соживот. Има објавено една книга. Присуствувал на голем број државни и меѓународни семинари и конференции за дијалог помеѓу религиите организирани од невладини организации. Една од нив е и „Милениум Македонија“. Од 2010 до 2012 година е член на организацискиот одбор на „Lordaks kaffe, Spkelkavik Kirke“ организација за дијалог помеѓу цивилизациите и религиите со седиште во Алесунд.

Зборува македонски, албански, српско-хрватски, турски и норвешки јазик. Го познава и англискиот јазик. 

Во своето делување секогаш се залага за промовирање на вредностите за мир, толеранција, хуманизам, меѓусебна доверба, уживање и унапредување на верските слободи и права на граѓаните во нашето мултиконфесионално и мултикултурно општество.

Именуван е за заменик на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на 08.03.2022 година.


КОНТАКТ:  zam.direktor@kovz.gov.mk и mexhit.emurli@kovz.gov.mk