Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Ханука
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Претседателката на Евреската верска заедница д-р Берта Романо-Николиќ, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Ханука
Дозволете ми Вам лично и на членовите на Еврејската заедница во Република Македонија, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви го честитам празникот - ХАНУКА.
Славејќи ги спомените и свечено одбележувајќи ги славните денови од минатото, Ханука денес претставува симбол на духовната победа над силите на злото. Реафирмацијата на духовните вредности на овој еврејски празник денес е од големо значење за целиот свет, бидејќи се заснова на почитта и достоинството на еден народ слободно да ја практикува својата вера и убедување. Неговото исконско право на слобода е светлина чија симболика се изразува преку палење на свеќите на менората.
Ви посакувам деновите на овој празник да ги поминете во кругот на Вашите најблиски, во многу радост, светлина и љубов.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}