М-Р ДАРИЈАН СОТИРОВСКИ,
ДИРЕКТОР НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

БИОГРАФИЈА
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Постдипломските студии ги продолжува на истиот факултет и се стекнува со звање магистер по право од областа на граѓанското право, а магистрира со среден успех 9.5, со одбрана на магистерската дисертација на тема: „Наталната политика и демографскиот развој во Република Македонија“. По завршувањето на постдипломските студии положува и правосуден испит.
Своето неформално образование го стекнува преку активно учество на повеќе семинари, обуки и конференции од областа на граѓанското право, мултикултурализмот, демократијата и сл.
Успешно ја завршува Регионалната политичка академија во 2015 година во Сараево, Босна и Херцеговина, каде го издава и трудот на тема „Factorization of Youth Organizations“.
Член е на Претседателството на Основната организација на Сојузот на борци од НОБ, чии придобивки и вредности со особен пиетет ги афирмира.
Активен учесник во целокупното општествено одговорно живеење во градот Тетово и Полошкиот регион. Преку изразен граѓански активизам се залага на полето на културата, екологијата, правото и граѓанското учество со низа иницијативи.
Силно верува во перспективите за нашето општество кои ги отвараат мултиконфесионализмот и мултикултурализмот, доколку продуцираат меѓусебна доверба, соработка и компромис.
Како директор на КОВЗРГ се залага за ново поглавје на односите меѓу државата и верските заедници, каде низ искрен пристап ќе се гради атмосфера на доверба и соработка меѓу конфесиите, зголемена грижа за потребите на верските заедници, заштита на секуларниот карактер на државата и унапредување на верските слободи и права на граѓаните.
Владата на Република Македонија го иманува за директор на 13.02.2018 година, а во 2022 година му започна вториот мандат како директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Во изминатиот период Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи бележи организационен и функционален развој, низа реализирани проекти, поставува стратешка линија на идно делување и квалитетни односи со сите верски субјекти и релевантни домашни и меѓународни чинители, а притоа ја мотивира и регионалната соработка на државите во регионот.
КОНТАКТ: direktor@kovz.gov.mk и sotirovskidarijan@gmail.com