На 7 ноември 2026 година, во предвечерието на празникот посветен на Светиот великомаченик Димитриј, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на Свечената академија по повод 130-годишнината од постоењето на храмот „Свети Димитриј“ во Скопје.

Свеченоста беше одбележана со духовно Слово на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, кој го истакна историското и духовното значење на ова светилиште, кое со векови претставува симбол на верата, традицијата и духовниот идентитет на македонскиот народ.
Особено беше истакната посветеноста на отец Жарко и свештенослужителите на храмот, кои со својата неуморна работа придонесуваат за зачувување на православната вера и духовното наследство.
Во рамки на Свечената академија беа доделени благодарствени признанија на Архиепископот г.г. Стефан, на градоначалникот на Град Скопје, г. Орце Ѓорѓиевски, како и на бројни поддржувачи и помагатели на храмот.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи го поздравува одбележувањето на овој значаен јубилеј, препознавајќи ја непроценливата улога на верските храмови во зачувувањето на духовното, културното и историското наследство.