Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на 29-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Тетовски хорски одѕиви“, кое се оддржа викендов во Лешочкиот манастирски комплекс.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски, на ден 20. 09. 2020 година во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ при Лешочкиот манастирски комплекс присуствуваше на Меѓународниот хорски фестивал на православна музика, кој оваа година по 5-ти пат се оддржува во рамки на 29-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Тетовски хорски одѕиви“.
На овогодинешното издание на Фестивалот активно учество зедоа следниве хорови: Детскиот хор „Свети Кирил и Методиј“ од Велес, мешан хор „Сипарантим“ - Пеќ, Србија, женски хор „Христина Морфова“ - Софија, Бугарија , професионален хор „Про Ас“ - Скопје, градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ - Охрид, мешан камерен хор „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје, „Розефа Експресион“ - Албанија и градски женски младински хор „Медата“ - Тетово, како домаќин, под раководство на Ивица Зориќ, кој воедно е и организатор на целиот настан.
Хоровите со богата уметничка програма се претставија пред присутните гости. За време на Фестивалот се оддржаа и следните уметнички настани: Ликовната изложбата во „Слава на Бога“, како и Театарската претстава, монодрамата „Чај со рум“.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}