ВЕРСКА ХРОНИКА: 78 ГОДИНИ ВОЗОБНОВЕНА ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА
На 26 декември 1944 година во Скопје е создаден Првиот македонско-еврејски народноослободителен одбор на кој е донесена одлука за создавање на македонско-еврејска општина во рамките на Сојузот на еврејските општини на Југославија. Наредната година била обновена и Еврејската општина во Битола, а како нејзин прв и последен претседател бил избран Жозеф Камхи, којшто подоцна се преселил во Израел. Општината згаснува со постоење по само две години.
Како прв претседател на скопската општина бил избран Ѓорѓи Блаер. Во 1946 година, општината броела 471 член, од кои една четвртина биле дојдени од други делови на Југославија. Со создавањето на Израел како држава во 1948 година, голем дел од членството се иселило таму, како и во други земји.
Општината се наоѓала во старото Еврејско маало, во подножјето на тврдината Кале. При катастрофалниот земјотрес во 1963 година, зградата на општината била делумно оштетена. Во 1964 година, штетите биле поправени и општината го добила името д-р Алберт Вајс. Новата денешна зграда била изградена во 1972 година.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}