Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ македонската државна и црковна делегација, која е во дводневна посета на Италија и Светиот престол, беше примена од страна на Светиот отец папата Франциск. Дел од делегацијата беше и Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски.
Македонската државно-црковна делегација предводена од Претседателот на Владата г-дин Димитар Ковачевски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Католичката црква, Неговата светост Папата Франциск.
Како дел од делегацијата на средбата присуствуваше и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски.
По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Франциск, премиерот Ковачевски оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}