Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ македонската државна и црковна делегација, која е во повеќе дневна посета на Италија и Светиот престол, беше примена од страна на новоизбраниот Поглавар на Римокатоличката црква, Светиот отец папата Лав XIV. Дел од делегацијата беше и Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска.
Македонската државно-црковна делегација предводена од Претседателот на Републиката, Н.Е. г-ѓа Гордана Силјановска Давкова, која престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај новоизбраниот Поглавар на Римокатоличката црква, Светиот отец папата Лав XIV.
Како дел од делегацијата на средбата присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска.
На средбата, традиционално беа разменети подароци, при што, претседателката на Папата Лав XIV му подари длабока резба од дабово дрво со мотив „Желад“.
По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Лав XIV, Претседателката оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. На средбата присуствуваше и секретарот за односи со држави и меѓународни организации, надбискупот Пол Ричард Галагер.