Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на Божиќната миса во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје
На 24. 12. 2019 година, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски во пресрет на големиот празник Раѓање Христово (Божиќ) присуствуваше на свечената полноќна света Миса, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, која ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов во концелебрација со свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопската епархија.
На мисата присуствуваа мноштво верници. Радосните празнични мигови со граѓаните од католичка вероисповед, односно со христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар ги сподели и висока државна делегација сочинета од Претседателот на државата Н. Е. Стево Пендаровски со сопругата Елизабета, Претседателот на Владата г-дин Зоран Заев, како и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања г-дин Бујар Османи, министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, претставници на културниот и академскиот живот како и претставници на дипломатскиот кор.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}