Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на Божиќната миса во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје
На 24. 12. 2020 година, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски во пресрет на големиот празник Раѓање Христово (Божиќ) присуствуваше на свечената полноќна света Миса, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, која ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов во концелебрација со свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопската епархија.
Радосните празнични мигови со граѓаните од католичка вероисповед, ги сподели и Претседателот на државата Н. Е. Стево Пендаровски со сопругата Елизабета.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}