Соопштение до медиумите и јавноста
Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи со огромна радост испраќа честитки до верниот македонски православен народ и до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и сиот свет клир на Македонската Православна Црква - Охридската архиепископија, за одлуката на првопрестолната Вселенска патријаршија со која се признава и прима во канонско единство нашата света Македонската Православна Црква - Охридската архиепископија.
Долгоочекуваната одлука на Вселенскиот патријарх е конечна правда за нашата Црква, која никогаш ништо што не и следува не посакуваше, беше пример за кроткост и христијански етос, трпеше, но не нанесуваше неправди. Ова е признание дека никогаш и не сме имале црковен, уште помалку духовен проблем, туку административни недоразбирања. Благодарност за Неговата Сесветост Вселенскиот патријарх Вартоломеј за татковската грижа за православието. Благодарност за многуте генерации на државни и црковни власти кои имаат оставено свој придонес во процесот на разрешување на македонското црковно прашање.
Изразуваме надеж дека во духот на православната етика и љубов ќе бидат надминати и другите споредни прашања во разговори со сестринските православни цркви. Државата ќе продолжи да ги помага сите напори на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во насока на препознавање и зачувување на македонската црковна автокефалност.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}