Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски, упати честитка до Кичевското муфтиство на ИВЗ, по повод назначувањето на нов координатор
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски, на ден 28.10.2020 година, упати честитка до г-дин Ќамил Рушити, честититајќи му го назначувањето за нов координатор на на Кичевското муфтиство на ИВЗ.
Почитуван г-дин Рушити,
Ми претставува задоволство веста за назначувањето на нов координатор на кичевското Муфтиство на ИВЗ, вест која упатува на спремноста на Исламската верска заедница да довери одговорност на помладите генерации, но и исполнет преуслов за муфтиството да продолжи непречено да работи и да се развива во интерес на нашето мултиконфесионално општество.
Дозволете во оваа прилика да Ви честитам и посакам успешна работа, мудрост и духовна широчина која ќе Ви овозможи да работите за благосостојбата на сите жители на Кичево, како и за мирот и соработката помеѓу нив. Секој духовен водач има голема одговорност, Ви посакувам да ја оправдате доверената.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) како надлежна институција останува отворена за соработка по сите прашања.
Со почит,
Директор
м-р Даријан Сотировски
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}