Самитот имаше за цел да ја зајакне регионалната соработка помеѓу верските лидери на Балканот, да го унапреди меѓуверскиот дијалог и да ги промовира вредностите на толеранција и соживот.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на ден 31 март 2026 година присуствуваше на Десетиот самит на исламските верски лидери, во организација на Исламската верска заедница и Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи, во соработка со Претседателството за верски прашања на Република Турција (Дијанет), на тема: „Улогата и влијанието на верските заедници во зајакнувањето на културата на соживот во земјите на Балканот“
На свеченото отворање присуствуваа бројни високи претставници од земјата и регионот, меѓу кои: претседателот на Собранието, Африм Гаши; претседателот на Дијанетот на Република Турција, проф. д-р Сафи Арпагуш; министерот за европски прашања и заменик-претседателот на Владата, г-дин Беким Сали; поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи, како и претставници од верските заедници од регионот, претставници од Македонската православна црква и другите цркви во Македонија, муфтии и професори.
Самитот имаше за цел да ја зајакне регионалната соработка помеѓу верските лидери на Балканот, да го унапреди меѓуверскиот дијалог и да ги промовира вредностите на толеранција и соживот.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}