На 11 јуни 2025 година (среда), во посета на Управата за соработка со црквите и верските заедници на Република Србија беше Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, која оствари работна средба со директорот на Управата , г-дин Владимир Рогановиќ.

Средбата се одржа во срдечна и конструктивна атмосфера, при што беа разменети мислења и искуства, како и предложени конкретни насоки за унапредување на меѓусебната соработка во областите што се од заеднички интерес за двете институции.
Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од континуирана институционална комуникација и координација, особено во сферата на меѓурелигискиот дијалог, културната размена и верската едукација. Во таа насока беше договорено во наредниот период да се организираат тематски средби за планирање и реализација на заеднички активности и проекти.
По завршувањето на состанокот, претставниците на двете институции го посетија централниот дел од Палатата Србија и собата „Македонија“, која е е една од репрезентативните простории во Палатата. Салата е дел од комплексот во кој секоја од поранешните југословенски републики има своја именувана сала. Салата „Македонија“ се одликува со високи архитектонски и уметнички вредности, со внатрешен ентериер украсен со елементи и мотиви поврзани со македонското културно и историско наследство, вклучително и дела на македонски уметници. Просторот традиционално се користи за државни, дипломатски и протоколарни настани, особено кога во Белград се примаат делегации од Македонија.