Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска; денеска оствари работна средба со претставнички на Хрватската заедница во нашата земја, проф. д-р Марина Малиш Саздовска и поетесата и културен деец Љерка Тот Наумова, долгогодишна активистка на Хрватската заедница.

На средбата беше истакната важноста од духовната, културната и меѓурелигиската соработка помеѓу Република Хрватска и Македонија, како и за можностите за унапредување на заедничката соработка; преку реализација на заеднички културни, образовни и меѓурелигиски проекти кои придонесуваат за промоција на меѓусебното почитување, културната разновидност и духовното наследство.
Посебен акцент беше ставен на подготовките за заедничко одбележување на 10 годишнината од канонизацијата на Света Мајка Тереза; како значаен јубилеј кој што се одбележува оваа година и ги обединува универзалните вредности на хуманоста, солидарноста и меѓурелигискиот дијалог.
Соговорничките ја истакнаа подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката и реализација на иницијативи од заеднички интерес, кои ќе придонесат за зближување на заедниците и афирмација на културните и духовните вредности.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}