Свечениот прием обедини претставници на дипломатскиот кор, државните институции, верските заедници и религиозните групи, како и бројни домашни и странски уметници.
На покана на претседателката, Н.Е. проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска, на 12 јули годинава присуствуваше на свечен прием кој претседателката го приреди по повод отворањето на 66. издание на меѓународниот фестивал „Охридско лето“.
Свечениот прием обедини претставници на дипломатскиот кор, државните институции, верските заедници и религиозните групи, како и бројни домашни и странски уметници.
Со својата повеќедецениска традиција, „Охридско лето“ претставува еден од најзначајните меѓународни фестивали и препознатлив симбол на културата, уметноста и меѓународната соработка. Годинашното, 66. издание на фестивалот беше свечено отворено во Античкиот театар во Охрид, со порака на претседателката дека културата е сила што ги надминува поделбите и „творец на невозможното“, а фестивалот и оваа година ќе донесе десетици настани со учество на стотици уметници од повеќе земји.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}