Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, вчера присуствуваше и се обрати на свечената церемонија организирана од Факултетот за исламски науки – Скопје, по повод доделувањето на највисокото академско признание „Doctor Honoris Causa“ на Реис-ул-улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи.

Во своето обраќање, директорката Трајковска истакна дека титулата „Doctor Honoris Causa“ претставува највисоко академско признание што една високообразовна институција може да го додели и дека со неа се оддава почит на личности чие дело остава траен белег во духовниот, образовниот и општествениот живот.
Таа нагласи дека Република Македонија е препознатлива по својата мултирелигиска традиција и култура на соживот, при што улогата на верските лидери и академските институции е од особено значење во промовирањето на мирот, меѓусебното почитување и дијалогот.
На крајот од своето обраќање, таа му ја честиташе доделената титула на Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаи, посакувајќи му успешно продолжување на неговата духовна и општествена мисија, а на Факултетот за исламски науки понатамошни успеси во неговата образовна и научна дејност.
На свеченоста присуствуваа претставници на државните институции, академската заедница, дипломатскиот кор, верските заедници, универзитетски професори и бројни гости од земјата и регионот.