По повод одбележувањето на Денот на реформацијата, на 01.11.2026 година, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, беше одбележан Денот на реформацијата, со Свечена академија и Национална служба во организација на Евангелската Црква во Македонија. Директорката г-ѓа Оливера Трајковска, по тој повод, се обрати пред присутните, упатувајќи честитки до верниците и припадниците на протестантските верски заедници и истакнувајќи го длабокото духовно и општествено значење на реформацијата.

Во своето обраќање, таа нагласи дека реформацијата не претставува само историски настан, туку и повик за преобразба на човечката свест, душа и срце.
Осврнувајќи се на вредностите на ненасилството, љубовта и милосрдието, посочи дека вистинските промени во општеството започнуваат од секој поединец, од неговата совест и од односот кон другите.
„Без оглед на нашата различност, без оглед на тоа што припаѓаме на различни верски заедници, сите ние припаѓаме на една и единствена категорија — луѓе.“
Директорката упати повик за лична, тивка реформација, за преиспитување на сопствените вредности и за враќање кон духовното богатство кое има трајна вредност.
„На нашите деца и внуци да им оставиме благослов, да им оставиме љубов и милост.“
Со оваа порака беше истакнато дека вистинското наследство на човекот не се материјалните добра, туку љубовта, добрината и милосрдието што ги пренесува на идните поколенија.