Во периодот од 22 до 25 октомври 2026 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, престојуваше во работна посета на Осло, Кралството Норвешка.
Во периодот од 22 до 25 октомври 2026 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, престојуваше во работна посета на Осло, Кралството Норвешка.
Во рамките на посетата, заедно со Митрополитот Европски, Неговото Високопреосвештенство г. Пимен, директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов, и претседателот на Македонската црковна општина „Св. Петка“ во Норвешка, г. Александар Николовски, беа остварени повеќе значајни состаноци со повеќе претставници од Осло, кои работат во процесот на интеграција и поддршка на верските заедници и здруженијата на иселеници.
Во текот на посетата беа реализирани конструктивни средби со:

г-ѓа Биргит ван дер Ланс, директорка на Соработничкиот совет за вера и општество (STL);

г. Штајн Вилумстад, заменик-директор на Норвешкиот црковен совет;

Н. Е. Дритон Куќи, амбасадор на Република Северна Македонија во Норвешка, и г-ѓа Лејла Абдула, заменик-амбасадорка;

Реисот Фарух Терзиќ кој свое обраќање имаше во Културниот центар на Албанците во Норвешка.
На средбите се разговараше за унапредување на меѓуверскиот дијалог, поддршката на верските заедници и зајакнувањето на институционална соработка, со особен интерес за дијалогот
помеѓу Европска епархија и Македонската заедница со заедниците и надлежните институции за верски прашања во Норвешка.
Директорката Трајковска изрази посебна благодарност до амбасадорот г. Дритон Куќи и заменик-амбасадорката г-ѓа Лејла Абдула за срдечниот прием, посветеноста и континуираната поддршка што ја обезбедуваат за македонските иселеници.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи останува посветена на унапредувањето на меѓуверската и меѓународната соработка, како и на одржувањето и зајакнувањето на врските со македонската дијаспора, која претставува нераскинлив дел од македонското општество.