На 1 ноември 2026 година, кога Светата Црква го празнува споменот на Свети Прохор Пчински, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на Светата архијерејска литургија во соборниот храм „Св. Никола“ во Штип, по повод одбележувањето на 20-годишнината од устоличувањето на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Со Светата литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.
Во рамките на свеченото одбележување на јубилејот, беше поставен и камен-темелник на новата зграда на Митрополијата на Брегалничката епархија, која ќе се гради во непосредна близина на храмот посветен на Свети Гаврил Епископ Велички Светогорец, роден во Штип.
По повод значајниот јубилеј, директорката Оливера Трајковска му упати искрени честитки на Митрополитот г. Иларион за неговата дваесетгодишна архипастирска служба, со желби за добро здравје, долгоденствие и уште многу години плодотворна духовна служба.