На ден 10.10.2025 година во Клубот на пратениците во Скопје се реализираше активноста со наслов „Едно поинакво кафе“, која е подготовка за активностите во наредната година, во рамки на проектот „Градиме мостови“. Денешниот неформален настан во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи ги обедини верските лидери, младите и академската заедница во духот на дијалог, пријателство и доверба.

На заедничка маса седнаа Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, Скопскиот бискуп и Епарх Струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, суперинтендентот на Евангелско-методистичката црква, о. Марјан Димов, претседателот на Еврејската заедница г. Пепо Леви, како и директорката на Комисијата, г-ѓа Оливера Трајковска.
Посебна свежина и енергија на средбата донесоа младите учесници – студентите од Богословскиот факултет и Факултетот за исламски науки, младите од Католичката црква, Еврејската заедница и Евангелско-методистичката црква, кои со своето присуство и идеи изразија желба за повеќе вакви настани во иднина. На настанот присуствуваа и Деканот на ПБФ, д-р Илче Мицевски - Игнат и Абдулџемил Несими, деканот на ФИН.
Со ваквите средби, КОВЗРГ ја продолжува својата мисија за градење на мостови на меѓусебно пријателство, толеранција и почитување, потсетувајќи дека соживотот не е само збор, туку секојдневна практика која се негува со искрени средби, разговор и разбирање. Верскиот дијалог живее и расте кога се зборува со отворено срце, со почит и љубов кон другиот, и со заедничка желба за подобро и похармонично општество.
Понекогаш е доволно само едно поинакво кафе за да се отвори нова страница во меѓусебните односи.