На настанот присуствуваше директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска.
Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна
Македонија и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии на 28.05.2025 година го одбележаа Денот на Европа - 9 Мај, на кој присуствуваше и директорката на Комисијара за односи со верски заедници и религиозни групи г- ѓа Оливера Трајковска.
Во рамки на настанот беше организирана панел дискусија на тема „Обликување на иднината – ЕУ интеграцијата како двигател на напредокот на Северна Македонија“, во која учествуваа високи претставници од земјата
и странство, претставници на дипломатскиот кор, академската заедница, студентии други релевантни чинители.
Свои воведни обраќања имаа Африм Гаши, претседател на Собранието, проф. д-р Норберт Ламерт,претседател на Фондацијата Конрад Аденауер / 12 претседател на германскиот Бундестаг (2005-2017) и Микулаш Ѕуринда, претседател на Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс / Поранешен премиер на Словачка (1998 – 2006).
Во рамки на панел дискусијата се обратија:
Н.Е. Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија, H.E. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија,, Марија Петрушевскa, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ,
Фериде Хаџиу, пратеничка од ВЛЕН и
Моника Зајкова, пратеничка од ЛДП. Дискусијата беше модерирана од Катерина Синадиновска, уредничка на ТВ магазинот „Агенда 35"
Настанот го отворија: Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата
Конрад Аденауер; Милева Ѓуровска, претседателка на Европско движење и Катерина Јакимовска, виш офицер за проекти, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс (ВМЦЕС).
Во рамки на овој настан беше доделена и плакетата за Европска личност на
годината за 2024 година на Рисима Рисимкин, македонска балерина, кореограф,
уметник и универзитетски професор.
Вториот дел од настанот беше организиран како Младински клуб во рамки на
кој се одржат младинска дебата на тема „Гласот на младите за Европа – Идеи
за подобар живот и поправедно општество".