На Форумот за културна дипломатија присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска.
Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател д-р Ѓорге
Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизации (ICAC – Македонија) и
Институтот за културна дипломатија (ICD – Германија), во соработка со
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и со Министерството за култура и туризам во периодот од 19 - 21 мај се одржа форумот за културна дипломатија.
На Форумот за културна дипломатија присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска.
На свеченото отворање на форумот се обратија:
- Н.Е. Тимчо Муцунски, Министер за надворешни работи и надворешна трговија,
- Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија 2009-2019,
- Иван Иванов, Меѓународен центар Алијанса на цивилизациите,
- Марк Донфрид, Институт за културна дипломатија од Берлин.
Панел дискусијата беше насловена како „Одржлив развој и културна дипломатија – Поттикнување на глобални партнерства“
на која се обратија поранешните државници и дипломати, со значајна улога во
меѓународната политика и дипломатија:
- Вацлав Клаус, Претседател на Чешката Република 2003–2013,
-Реџеп Мајдани, Претседател на Република Албанија 1997–2002,
- Миро Ковач, Министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска
2016,
- Ерки Туомиоја, Министер за надворешни работи на Финска 2000–2007 и 2011–2015
Вториот ден од форумот го отвори министерот за култура и туризам, г-дин Зоран Љутков, а свои обраќања имаа еминентни светски претставници од областа на културната дипломатија.
Настанот беше можност да се впијат многу важни информаци од споделените искуства и да се запознае одблиску светот на културната диломатија.