Европската епархија годинава го одржа 24 годишно епархиско собрание, од 16 до 18 мај во Порденоне, Италија; под раководство на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот европски г. Пимен.
Европската епархија годинава го одржа 24 годишно епархиско собрание, од 16 до 18 мај во Порденоне, Италија; под раководство на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот европски г. Пимен.
На собранието учествуваа свештеници и делегати од сите црковни општини кои се составен дел на Европската епархија: Италија, Швајцарија, Австрија, Германија, Шведска, Хрватска, Словенија...
Во рамки на собранието имаше формален, неформален и работен дел.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на формалниот дел, поточно на отварањето на собранието и имаше можност да се обрати пред присутните свештеници и делегати. Дел од формалниот дел беа и генералниот конзул г-ѓа Фросина Ременски и директорот на Агенција за иселеници г-дин Горан Анѓелов, кои исто така се обратија пред присутните учесници на собранието.
Во рамки на неформалниот дел директорката Трајковска оствари средби со нашите иселеници во Италија, луѓе кои се уште тврдокорно го чуваат македонскиот идентитет и бит.
На 17 мај Неговото Високопреосвештенство г. Пимен отслужи Света Архиерејска служба во црквата "Собор на сите македонски светители", во сослужение на свештеници од сите црковни општини на Европска епархија. На литургијата присуствуваше и Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска.