Директорот на КОВЗРГ гостуваше во дебатната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма, каде се анализираше прашањето: Што значи одлуката на Вселенската Патријаршија за автокефалноста на МПЦ-ОА?
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски, на ден 10. 05. 2022 година гостуваше во дебатната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма, каде се анализираше прашањето: Што значи одлуката на Вселенската Патријаршија за автокефалноста на МПЦ-ОА?
За време на емисијата со новинарот Боби Христов и со новинарите Бранко Ѓорѓевски и Марјан Николовски, директорот Сотировски анализираше повеќе актуелни теми во врска со најновата црковна состојба по донесената одлука на Вселенската патријаршија со која се воспоставува евхаристиско единство со клирот и верниот народ на нашата црква.
За време на дискусијата директорот меѓудругото соопшти дека постои голема веројатност, првото заедничко сослужение меѓу претставници на Македонската православна црква и Вселенската патријаршија, да се одржи за околу месец и половина.
Целата анализа погледнете ја на следниот видео линк: Топ Тема - Што значи одлуката на Вселенската патријаршија за афтокефалноста на МПЦ?
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}