Сотировски: Мудроста на Синодот се докажа, сега е прашање кога и како МПЦ-ОА ќе стаса до автокефалија
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски, на ден 11. 05. 2022 година гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна Тв.
Во интервјуто се разговараше за повеќе актуелни теми поврзани со пристапувањето во канонско единство со Вселенската патријаршија.
Признавањето на Охридската архиепископија за канонска црква од страна на Вселенската Патријаршија е вест која ги надминува религиозните рамки и навлегува и во сферата на политиката. Со ова, во врска смисла, се легализира постоењето на МПЦ, иако во оперативна и административна смисла ќе се рпеговара за нејзиниот статус.
-Тоа е одлука која нам како народ и драва ќе ни даде поголемо значење. Го добивме она што генерации не успеаја да го добијат. Се потврдува дека патот по кој се движиме е исправниот пат, вели за Утрински брифинг Даријан Сотировски, претседател на Комисија за меѓуверски дијалог.
Српската православна црква молчи, исто како и Софија, а се огаси само Руската православна црква која повтори дека ја признава само СПЦ.
-Во позитивна смисла изненадува молкот на Белград за една олку важна тема. Оттаму немаме импулсивна реакција. И таму има созревање на ова ова прашање и се рпепознава реалноста, па сум оптимист дека може да дојде и до признавање од нивна страна. Односот што го има нашиот архиепископ Стефан со Вселенската патријаршија влева надеж, а можно е наскоро и сослужение на двајцата архиепископи, веи Сотировски.
Црквата и државата не секогаш се одвени дури и кога се одвоени. Влијанието на Руската православна црква во политиката на Русија, па и оваа сегашнава е многу големо.
-Човек сам на себе може да си помогне и да си одмогне. Ние сами си помогнавме, избравме стратешки пријатели. За сите напори што ги прави нашиот народ во политичка смисла ние добиваме помош од тие стратешки партнери. Сум бил присутен на официјалната и понеофицијалната средба на нашиот премиер Димитар Ковачевски со вселенскиот патријарх Вартоломеј и тоа беа многу плодни средби, вели Сотировски.
Сотировски вели дека во следниот период ќе се разговара практично за најмалите прашања, административните, оти главната работа е веќе завршена. Тој додава дека е паднат во вода ставот на СПЦ дека МПЦ произлегува од неа. Сега е прашање како да се дојде до автокефалијата, вели Сотировски.
Проследете го целиот разговор на следниот линк.