Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Ве информира дека истражувањето на јавното мислење со наслов „Истражување за ставовите на младите кон религијата, етиката и секојдневните предизвици“, спроведено во текот на 2025 година е публикувано.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Ве информира дека истражувањето на јавното мислење со наслов „Истражување за ставовите на младите кон религијата, етиката и секојдневните предизвици“, спроведено во текот на 2025 година е публикувано.
Истражувањето ги презентира наодите од анкетата реализирана меѓу млади испитаници од средните и високообразовните институции во Скопје: Православна богословија „Св. Климент Охридски“, Православен богословски факултет, Скопје,; Медреса „Иса-Бег“, Филозофски факултет, Скопје и Факултетот за исламски науки, Скопје.
Целта на истражувањето беше да се измери како младите ја перцепираат религиозноста, етиката и моралните вредности во контекст на секојдневниот живот и психосоцијалните предизвици, вклучувајќи го и нивиот став за воведување на религијата во формалното образование.
Резултатите покажаа дека:
- 81% од испитаниците веруваат дека религијата значително влијае на нивното секојдневно однесување,
- 62% од анкетираните изјавија дека религијата игра важна улога во нивниот личен живот,
- повеќе од 70% сметаат дека различната вера не треба да биде пречка туку можност за дијалог.
Значително мнозинство го поддржува воведувањето на етиката и религијата во формалното образование, како механизам кој активно помага во справување со нивните секојдневни предизвици.
Истражувањето беше презентирано на Третата светска конференција за меѓурелигиски дијалог која се одржа во Крушево од 23–26 јуни 2025 година, каде отвори пошироки дебати за улогата на религијата во образованието, етиката и благосостојбата на младите.
Трудот е објавен во меѓународно научно списание „The Journal Religious Dialogue and Cooperation“ на Центарот за Интеркултурни Студии и Истражувања при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое објавува оригинални и рецензирани научни трудови од областа на религијата.
Трудот е достапен на следниов линк:
l.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Fjournals.ukim.mk%2Findex.php%2Frdc%2Fen%2Farticle%2Fview%2F4175%3Ffbclid%3DIwYnJpZBExNm5od204ZmphNWpyOEEzT3NydGMGYXBwX2lkEDIyMjAzOTE3ODgyMDA4OTIAAR7vcYJGvIDfGGJi1dZtmm7fRGMFDM5DROI5NmIaA-2JP5YgVf3yy516BijcIg%26brid%3DBifXXrqGXAwc2pfW3VXE9w&h=AT2_-GjRPbJKhKhJEdfKsyluj6YcbI1SQgbmtjYmw4wz-uefViB04_AKHBNOEfz9utg_8DjRg1qmIViI5AO3UnGW2z2qOuOBdj4B-2VD9FFRbTKm3Y_jXTQto692Qk-gmModNZN5UdOZWQ&__tn__=%2CmH-R&c[0]=AT2g1BvO7aZFSZTjrvDcwE1YoVzpMp_vNnVRpeolwXXCx7fTvbwjTwHi7nL3Sta5iF6M62AzKZ2zK3ZAgVuG4q7c3COf5mOrZH3HSjtIRva9URMIg3GtwRKwefDbAtJpuYrtjIFfIYPcPQWK2hGqPACaCr88W6GRKnVtDqgjeYr2uLXkdI0