Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи - KOVZ

ИЗЈАВА НА ДИРЕКТОРОТ СОТИРОВСКИ

Изјава за медиумите на Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) е во постојана соработка со верските заедници, ги слуша нивните ставови и ги споделува нивните грижи. Институциите со голема сериозност пристапуваат на овие прашања. Имено на 2 февруари годинава со одлука на Минисерот за правда, а на наше барање е формирана работна група со претставници на повеќе институции и експерти на која ја разгледуваме од повеќе перспективи постоечката состојба, го анализираме компаративното искуство и меѓународните стандарди со цел подобрување на законскиот текст. Во овој момент е премногу рано да излеземе со информација во однос на предлозите. Добрата легислатива треба да ги гарантира неприкосновените слободи и права на секој граѓанин, да предвиди јасни и прецизни правила и да спречи евентуална злоупотреба. 

Тагови: