Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на изложбата „Мириса на пандишпан“.
Во организација на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Министерството за култура на Република Македонија на 16.10.2024 беше реализирана една поинаква изложба, насловена како "Мириса на пандишпан".
Како експонати на изложбата беа изложени еврејски кујнски прибор, еврејска семејна трпеза, традиционални еврејски колачи - со акцент на пандишпанот и наивни уметнички слики на ученици од основните училишта.
На изложбата свое обраќање имаа Директорот на музејот на Холокаустот, м - р Горан Садикарио и идејниот творец на изложбата м - р Жаклина Мучева.
Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на изложбата и изрази честитки за успешната реализација.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}