Соопштение за јавноста
Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи 22 декември 2023 година ќе одржи Свечен предновогодишен прием за црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонската филхармонија со почеток во 18.00 часот.
На настанот ќе се обратат македонскиот претседател Н.Е. г-дин Стево Пендаровски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници г-дин Даријан Сотировски, кој ќе го додели и признанието Вељо Манчевски за 2023 година.
Признанието Вељо Манчевски се доделува како највисоко годишно признание за особен придонес на правни и физички лица кои со својот ангажман, активност и труд, трајно се вградиле во развојот и продлабочувањето на различни значајни сегменти во верската сфера во државата. Истото го носи името на Првиот верски референт на Македонија од 1943 година, асномецот Вељо Манчевски.
            
            
              
                
                
                  
                    
                      
                        
                        
                      
                    
                      
                        
                          
                          
                            {{#each Images}}
                            
                              {{#if IsThumbNail}}
                              
                              {{/if}}
                            
                            {{/each}}
                          
 
                        
                        
                      
                    
                              
                            {{#hasElements Images}}
                            
                              
                                {{#each Images}}
                                {{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
                                {{/if}}
                                {{/each}}
                              
                                {{#each Images}}
                                {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
                                {{/showInline}}
                                {{/each}}
                              
 
                            {{/hasElements}}