На 1 јули ќе се одбележат 250 години од раѓањето на просветителот, народниот учител и игумен Лешочки, Кирил Пејчиновиќ – Тетоец.
Настанот го организира Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), а ќе се одржи пред платото од новата управна зграда на Музејот на тетовски крај, објектот познат како поранешен Дом на Армијата во Тетово со почеток во 20:30 часот.
Неговите лик и дело остануваат особено трајно врежани во меморијата на македонскиот народ од тетовскиот крај, од каде потекнува и овој голем народен деец. Искажувајќи почит и благодарност кон големите личности од нашето славно минато, како народ го оправдуваме и заслужуваме појавувањето во иднина и на нови такви поединци кои оставаат трајни вредности. Пригодната програма ќе допре до секој присутен, ќе имаме можност да се потсетиме на колосалното дело на просветителот и заедно да ја изразиме нашата почит, информира Даријан Сотировски, директор на Комисијата.
Во рамки на одбележувањето ќе се постави и изложба на избор портрети, дела на големиот академски сликар Павле Кузмановски, која ќе биде отворена непосредно после свечената програма. Настанот ќе се одржи согласно важечките препораки за заштита од коронавирусот изречени од здравствените власти за отворен и затворен простор.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}